речник контакт

Се спасува мостот кај Башино село

Мостот беше во опасност поради големите наноси нa дрвја кој ги донесе Вардар

Петар Печков

Поради високиот водостој на Вардар како и големете наслаги на дрвја, започна итна операција на честење на  мостот кај Башино село.

По барање на локалната самоуправа ангажирани се екипите кои работа на расчистување на столбовите на мостот. На нив има собрано големо количество дрвја. Оваа акција доаѓа по реакциите на минувачите по мостот кои реагирале дека тој  бил со нарушена стабилност и тие се чувствувале небезбедни.

Екипи на велешките комуналци заедно со механизацијата на Делта пром работат сеуште на отстранување на дрвјата, некои и повеќедецениски, кои Вардар ги донесе овој пат  преку Пчиња од Кумановско во велешко.

Поради овие активности сообраќајот преку мостот кај Башино село се одвива отежнато а го контролира сообраќајната полиција.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »