Петар Печков
Објавено: вторник, 26 февруари 2013
Поројниот дожд во велешко создаде проблеми на повеќе места во регионот. Поројот го уништи центарот на селото Иванковци, Тополка се излеа кај Превалец. Одрон на земја пак им се закани две семејства во градот, кои за да се спасуваат морале да ги отворат прозорите и потоците вода да течат низ нивните домови.
Критично било во семејните куќи на Ѓоревски и Нацеви на улица Родна Ивева 18 , близу некогашен ,,Алекс,,. Таму поради силниот дожд, дошло до лизгање на земјата и среќа е што не ги оштетило домовите на овие две семејства. Поради бетонот , од кои се изградени куќите, спречило да дојде до сериозни оштетувања. Но и тоа што се случило ноќеска, предизвика страв кај овие две велешки семејства.
Беше многу страшно. Околу единаесет часот навечер слушнавме силен тресок и куќата се здрма, како земјотрес. Кога од задната страна видовме дека се свлекла земјата. Го скршила и прозорот, беше страшно. Имаме тримесечно бебе и веднаш избегавме од таму. Сега ќе одиме по гости некое време, оти дома не се враќаме – вели Никола Ѓоревски.
Тој и татко му Љубе за да ја спасат состојбата ги отвориле прозорит и вратите од нивниот дом, за така да тече поројницата вода. При расчистувањето на одронот, соседите отстранија два трактори земја.
Наметот беше висок околу два метри. Толку многу земја падна. Лошо е што земјата се свлекува, и се заканува и онаа куќа, што е над нас, а е пуста, празна, да падне врз нашите куќи. Еве цел ден расчистуваме, со роднини пријатели никој не доаѓа да помогне од општината. Од ноќеска правиме пат водата да истече, земја гледате колку има. Не отидовме на работа – вели Зоран Нацев.
Досега имало случаи кога на овие две куќи, се одронувале земја, тоа биле помали количини, но не така многу како овој пат.
Tweet |