Петар Печков
Објавено: четврток, 20 мај 2021
Се спасуваше давеник на езеро Младост. Ова беше само показна вежба организирана од Дирекцијата за заштита и спасување а по повод 16 години од нејзиното формирање.
„На вежбата, спасување од вода, учествуваа тимот за спасување Подрачна единица Велес и Подрачна единица Кочани. Спасителите успешно ја завршија показната вежба“ кажа Беким Максути, директорот на ДЗС.
По настанот беа посадени и 16-шестнаесет садници, јасен, колку години што постои дирекцијата. Тие беа засадени во близина на езерото Младост.
Tweet |