Петар Печков
Објавено: недела, 10 март 2013
Скрин медија, која стопанисува со билбордите во градот, никако да го отстрани плакатот со кој ни посакува Среќна Нова 2011-тата година. Иако пред некој ден од предната страна лепеа нова реклама а велешани се израдуваа дека ќе биде сменета и позадината, ништо од очекувањата. Иако на вработените им се посочи дека таму е честитката од пред две години, тие само се насмеале и порачале дека ќе дојде и 2014-тата. Така остана плакатот за честитката а додека од предна страна рекламите се менуваат.
Tweet |