Петар Печков
Објавено: четврток, 24 јули 2008
Се уништува вредниот иконостас на црквата Св.Петар и Павле во селото Папрадиште откако црвоточина ги нападна иконите, дела на Ѓорги Зографски и Димитрија Андонов Папрадишки. Времето го прави своето, но надлежните институции не превземаат мерки ова културно национално богатство да се заштити, се жалат папрадишани.
- Повеќето од иконите кои се нацртани 1934-та година, има некои и постари се нападнати од црвоточина. Изрешетани се како сито со ситни дупчиња од молци. Ако вака продолжи прашање е на време кога тие ќе бидат уништени – вели Ристо Николовски претседател на црковниот одбор на храмот Св.Петар и Павле. Тие за ваквата состојба пред три години ги довеле стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците, кои констатирале оштетување кај иконите, но објасниле дека има многу работа на овие дела, која на лице место во црквата не може да се сработи. Затоа било потребно да се носат во Скопје. Но и после толку време тоа не се случило. За Црковниот одбор нејасно е како може вака лесно да се откажуваме од така значајна историска вредност, икони на кои светот се воодушевува.
- Иконите не можеа да ги реставрираат, но затоа некои од нив, и оштетени ги носеа во Рим а подоцна на големи изложби во Скопје и Велес. Вака не се чува национално богатство кое го претставуваме во светот а дома не се грижиме за него – вели Николовски. Тој ги посочува и старите икони, кои се дел од црвката Св.Петар и Павле, кој постоела на истото место, пред 1875 година, кога е изградена сегашната. Иконите меѓу нив и дела со мотив каде се насликани Исус Христос и Распетие на Богородица, се стари повеќе од 200 години. Тие се со видни оштетувања и се чуваат на таванот од црквата, а иако се со регистрационен број, евидентирани од страна на Заводот за заштита на спомениците, за нив не се грижи никој.
- Во музејот во Велес немаме конзерваторско одделение, па иако го знаеме проблемот не можеме да помогнеме. Залудни се нашите реакции за реставрирање на иконите, кога нема повратна информација – велат од велешкиот музеј. Директорот на Управата за заштита на спомениците, Паско Кузман, вели дека е запознаен со проблемите на иконостасот. Тој објаснува дека таква е состојбата со многу икони во земјава.
- Во рамките на нашите можности, се трудиме да ги поправаме најоштетените икони. Од Националниот конзерваторски центар треба да аплицираат до Министерството за култура за да им се одобри проект. Низ цела земја се соочуваме со такви проблеми, но немаме доволно пари се\' да поправиме одеднаш - рече Кузман.

Tweet |