речник контакт

Се уште не се знаат причините за пожарот во куќата на Паунови, ниту е познат идентитетот на пројаденитe човечки остатоци

Наредените вештачења на ОЈО Велес треба да дадат одговор за причините за пожарот

Петар Печков

И по 20 дена од пожарот во кој изгоре куќата на Паунови во месноста Варналиите, не е познат идентитетот на лицето, чии остатоци беа пројадени во изгорената  куќа. Ниту се познати причините како дојде до пожарот. Ова се информациите до кој дојде Трмр а по поставените прашања до ОЈО Велес.

Остатоците се предадени во Институтот за судска медицина каде треба да се изврши споредба на ДНК профил на починатото лице со цел утврдување на идентитетот. Воедно, во тек се вештачењата наредени од надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес од кои се очекува одговор на прашањето за причините за настанатиот пожар - пишува во писмениот одговор.  

Соседите ден по пожарот за некои медиуми изјавија дека вечерта пред тој да избувне слушнале караница  и расправија на сопственикот Миле, но не знаат  кои биле другите лица. 

Пожарот се случи на 20-ти декември во вечерните часови. Од огнот и неговото гаснење уништена е куќата на семејството Маневи, лепенка до таа на Паунови.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »