речник контакт

Се формираше ново ОУ ,,Панко Брашнар,,

Новото училиште доаѓа со спојувањето на двете основни ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,, и ,,Благој Кирков,, поради намалениот број на ученици

Петар Печков

Советот на Општина Велес, со мнозинство гласови, донесе одука за основање на општинско основно училиште ,,Панко Брашнаров,,  кое се формира  од постојните училишта ОУ „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ – Велес и ОУ „Благој Кирков“- Велес а двете згаснуваат.  

Новото училиште  е правен следбеник на двете основни училишта кои се споија.  Учениците кои ја следат наставата во двете општинските основни училишта  ќе продолжат со настава во  новото училиште „Панко Брашнаров“ .Наставниците стручните соработници, административно -техничките работници се преземаат од двете  општинските основни училишта- пишува во одлуката. За нејзе позитивно мислење дало Министерството за образование а потоа и Владата. Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски претходно  кажа дека ,,ниту еден  вработен на неопределено,  нема да остане  на улица,,.

Имаме сериозно намалување на ученици, во мрежа на училишта создадена во социјализмот, која е предимензионирана, нерационална и скапа. Во ОУ  Џинот пред десет години имало просечно 20 деца во паралелка, сега има 16 а во ОУ Благој Кирков имало 22 а сега има 14,5 деца во паралелка- изјави Коцевски на почетокот од постапката.  

Образложи дека името на новиот правен субјект е по Панко Брашнаров сведок на двата Илиндена, и учител по професија, кај велешани познат како ,,народниот учител,,.

За оваа одлука гласале 11 советника ,,за,, и шест ,,против,,. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »