речник контакт

Се чека за такси превоз во Велес

Шоферите заминаа за Германија во градот недостаток на такси возачи

Петар Печков

Патниците во Велес мака мачат за да стигнат до такси возило. Во одредени термини од денот, такси превозниците ги нема.  Или пак се чека по 20-тина минути за да дојде возилото. Така е неколку месеци.  Тешко до возило се стигнува во пазарните денови, во викенд, во попладневните и вечерни часови. Или во поголемиот дел од денот.  Велешани реагираат за ваквата состојба, бараат редовен такси превоз.

Кога и да се јавам, возило немаме, причекајте. Ако излезам на улица, таму каде стојат таксисти нема. Или кратко, возило нема ни за лек. Едно време таксисти имаше и тоа премногу, стоеја во колони, сега наеднаш ги снема. Се случува да задоцниме на закажан настан, оти такси едноставно нема   - велат велешани.    Според локалната власт во Општина Велес легални таксисти со лиценца има околу 160 и така е со години, бројката варира за десетина повеќе или помалку.  

Нема возачи во градот, повеќето помладите пред се, заминаа во Германија да возат камиони. Тоа силно се почувствува во такси превозот во градот. Најмногу тие што се поединци, кои имаа по 2-3 шофери сега останаа сами. И тие имаат право на одмор, најчесто попладне и вечер одмараат. Преку викенд се работи ноќе а дење повторно одмор и затоа се јавуваа недостаток на возила - вели Тони Јосифовски  претставник на здружението на такси возачи од Велес. 

Леганите такси возачи, на почетокот од годинава на средбата со градоначалникот Коцевски побараа ред во оваа дејност, што претходните години во неколку наврати го бараа истото.  Проблемите ги лоцираа во  нелојалната конкуренција и паркинг просторот за такси возилата кој е зафатен од други автомобили. Таксистите укажуваат  според  нив селективниот пристап на сообраќајната полиција.  

Ме казнија со 250 евра оти не сум паркиран на одбележаниот такси простор, кој замислете е зафанат од автомобили  кои не  се такси. Му го објаснувам тоа на полицаецот, тој ми вели не го почитувам законот и ми следи казна - вели таксист.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »