речник контакт

Се чисти коритото на реката Тополка помеѓу Горно и Долно Јаболчиште

Се очекува да бидат собрани 5 илјади метри кубни комунален отпад, кој жителите оти немаа систем за собирање смет, го фрлаа на јавни површини

Петар Печков

Веќе десетина дена трае   чистењето на речното корито на реката Тополка, помеѓу Долно и Горно Јаболчиште. Целта да се обезбеди заштита на водите на ХС Лисиче од кој Велес се снабдува со вода за пиење.

Проектот „Подобрување на животната средина преку санација на диви депонии и чистење на речното корито на река Тополка во селата Горно и Долно Јаболчиште,, е на УНДП  чија вредноста  е два  милиони денари а речното корито  се чисти  во должина од 4 км. помеѓу двете села и 2 км во селата.

Со реализацијата на проектот ќе се реши деценискиот проблем на повеќе од четири илјади  жители кои секојдневно се соочуваа со непријатниот мирис од наталожениот комунален смет. Проектот ќе придонесе и кон заштита на ХС „Лисиче“ преку кој се водоснадбува градот Велес -  изјави градоначалникот на Чашка Горан Стојановски. 

Немајќи алтернатива, цврстиот отпад жителите на Горно и Долно Јаболчиште го фрлаа во реката Тополка а потоа тој смет доаѓаше до езеро Лисиче од кое пак жителите на  Велес добиваат вода за пиење.  Со овој проект коритото ќе биде исчистено,   откако претходно  се воспостави систем за собирање на смет  во овие две  населени места. Чистењето на бреговите ќе трае до крајот на  месец мај  и се очекува да бидат собрани околу  пет илјади метри кубни комунален отпад во должина од 6 км.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »