lj lkjl
Објавено: петок, 09 јуни 2006
[b]09.06.2006 [/b] A Germany v Costa Rica 18:00 Munich A Poland v Ecuador 21:00, Gelsenkirchen [b]10.06.2006 [/b] B England v Paraguay 15:00, Frankfurt B Trinidad & Tobago v Sweden 18:00, Dortmund C Argentina v Ivory Coast 21:00, Hamburg [b]11.06.2006 [/b] C Serbia & Montenegro v Holland 15:00 Leipzig D Mexico v Iran 18:00 Nurnberg D Angola v Portugal 21:00 Cologne [b]12.06.2006 [/b] F Australia v Japan 15:00 Kaiserslautern E United States v Czech Republic 18:00, Gelsenkirchen E Italy v Ghana 21:00 Hannover [b]13.06.2006 [/b] G South Korea v Togo 15:00 Frankfurt G France v Switzerland 18:00 Stuttgart F Brazil v Croatia 21:00, Berlin [b]14.06.2006 [/b] H Spain v Ukraine 15:00 Leipzig H Tunisia v Saudi Arabia 18:00, Munich A Germany v Poland 21:00, Dortmund [b]15.06.2006 [/b] A Ecuador v Costa Rica 15:00, Hamburg B England v Trinidad & Tobago 18:00 Nurnberg B Sweden v Paraguay 21:00 Berlin [b]16.06.2006 [/b] C Argentina v Serbia & Montenegro 15:00, Gelsenkirchen C Holland v Ivory Coast 18:00 Stuttgart D Mexico v Angola 21:00 Hannover [b]17.06.2006 [/b] D Portugal v Iran 15:00, Frankfurt E Czech Republic v Ghana 18:00, Cologne E Italy v United States 21:00 Kaiserslautern [b]18.06.2006 [/b] F Japan v Croatia 15:00, Nurnberg F Brazil v Australia 18:00, Munich G France v South Korea 21:00, Leipzig [b]19.06.2006 [/b] G Togo v Switzerland 15:00, Dortmund H Saudi Arabia v Ukraine 18:00, Hamburg H Spain v Tunisia 21:00, Stuttgart [b]20.06.2006[/b] A Ecuador v Germany 16:00, Berlin A Costa Rica v Poland 16:00, Hannover B Paraguay v Trinidad & Tobago 21:00, Kaiserslautern B Sweden v England 21:00, Cologne [b]21.06.2006 [/b] D Portugal v Mexico 16:00, Gelsenkirchen D Iran v Angola 16:00, Leipzig C Holland v Argentina 21:00, Frankfurt C Ivory Coast v Serbia & Montenegro 21:00, Munich [b]22.06.2006 [/b] E Czech Republic v Italy 16:00, Hamburg E Ghana v United States 16:00, Nurnberg F Japan v Brazil 21:00, Dortmund F Croatia v Australia 21:00, Stuttgart [b]23.06.2006 [/b] H Ukraine v Tunisia 16:00, Berlin H Saudi Arabia v Spain 16:00, Kaiserslautern G Switzerland v South Korea 21:00, Hannover G Togo v France 21:00, Cologne [b]24.06.2006 [/b] SR A1 v B2 17:00, Munich SR C1 v D2 21:00, Leipzig [b]25.06.2006 [/b] SR B1 v A2 17:00, Stuttgart SR D1 v C2 21:00, Nurnberg [b]26.06.2006 [/b] SR E1 v F2 17:00, Kaiserslautern SR G1 v H2 21:00, Cologne [b]27.06.2006 [/b] SR F1 v E2 17:00, Dortmund SR H1 v G2 21:00, Hannover [b]30.06.2006 [/b] QF Winner 2R1 v Winner 2R2 17:00, Berlin QF Winner 2R5 v Winner 2R6 17:00, Hamburg [b]01.07.2006 [/b] 21:00, QF Winner 2R3 v Winner 2R4 17:00, Gelsenkirchen QF Winner 2R7 v Winner 2R8 21:00, Frankfurt [b]04.07.2006 [/b] SF Winner QFA v Winner QFB 21:00, Dortmund [b]05.07.2006[/b] SF Winner QFC v Winner QFD 21:00, Munich [b]08.07.2006[/b] 3/4 PPO Loser SF1 v Loser SF2 21:00, Stuttgart [b]09.07.2006[/b] Final Winner SF1 v Winner SF2 20:00, Berlin Триесет и две селекции, шест од нив со титули светски прваци и дури седум дебитанти, ќе ја почнат трката во која има една единствена цел - да се наследи Бразил на светскиот фудбалски трон. Чекањето заврши. Сите вљубеници на најубавата споредна работа на светот, но и оние кои фудбалот го гледаат само повремено, во следните месец дена ќе останат залепени пред ТВ-приемниците, следејќи ги возбудувањата што ќе им ги приредат \"кариоките\", \"азурите\", триколорите\", \"гаучосите\" и останатите велемајстори на фудбалската игра. Присуството на Роналдињо, Жерард, Анри, Тоти, Робен, Дрогба и останатите фудбалски мега-ѕвезди е доволна гаранција за огромното шоу што се најавува во Германија. Шоу што навистина вреди да се чека цели четири години. Бразилците влегуваат во ова натпреварување како огромни фаворити. Избраниците на Карлос Алберто Пареира не само што се бранители на големиот трофеј туку и во моментов играат убедливо најатрактивен фудбал во светот. Пареира успеа меѓу првите единаесетмина да најде место за Роналдо, Адриано, Роналдињо и Кака, што е гаранција за гол-шоу на секој меч на \"кариоките\" на овој мундијал. Бразилскиот селектор немаше преголеми проблеми со составот, што не може да се каже за неговите главни ривали за титулата. Англичаните во првата фаза ќе бидат без својот најдобар напаѓач, Вејн Руни, чиј настап во втората рунда исто така е крајно неизвесен. На повреди се жалат и Стивен Жерард и Гери Невил, и јасно е дека Свен Горан Ериксон ќе има доста проблеми без својот најсилен тим да ги оправда очекувањата на јавноста и да ја освои титулата. Истото важи и за Италијанците, кои на стартот нема да можат да сметаат на двајцата стандардни првотимци, Ѕамброта и Гатусо. Ако на ова се додаде дека Франческо Тоти нема одиграно цели 90 минути од еден меч повеќе од три месеци, јасно е дека Марчело Липи има причини да биде загрижен во пресрет на овој мундијал. Голема \"непозната\" сигурно ќе биде Аргентина, селекција што секогаш важи за фаворит за највисок пласман. Селекторот Пекерман предизвика бура од реакции со одлуката да не ги повика досега стандардните Самуел и Хавиер Занети, и лидерската улога во тимот да им ја додели на младите Меси и Рикелме. Дали овој потег ќе се покаже оправдан, ќе се види веќе во првата рунда, каде \"гаучосите\" против себе ќе имаат три силни селекции, Холандија, Србија и Црна Гора и Брегот на Слоновата Коска. Како што тоа секогаш се случува, сигурно ќе има и голем број пријатни и непријатни изненадувања. Впрочем, токму во тоа и е убавината на мундијалите бидејќи токму на ваквите натпреварувања инспирацијата на \"малите\" може да се покаже доволна за да се фрли на колена некој од \"џиновите\" на светскиот фудбал. И да се постигне резултат кој се чини неостварлив во секое друго време. Освен за време на Светското првенство, кога чуда навистина се случуваат. На спектаклот на отворањето на Мундијалот ќе земат учество и 150 играчи кои некогаш го освоиле пехарот, меѓу нив ќе се појават Пеле и Диего Марадона. Пеле кој беше заслужен за освојувањето на светскиот куп од страна на Бразил во 1958, 1962 и 1970 година ќе го носи трофејот на футуристичкиот стадион во минхен, а ќе биде придружуван од германскиот супер модел Клаудија Шифер. Што се однесува конкретно до мечот што ќе го означи почетокот на првенството, Германија ќе игра без популарниот Михаел Балак. Германците очекуваат да ја победат Костарика, но го имаат на ум шокот што се случи во 1990. година кога актуелните шампиони, репрезентацијата на Аргентина загубија од Камерун. Во 2002.година Французите загубија од Сенегал. Организаторите на првенството очекуваат околу 1 милион туристи да ја посетат Германија, а 100 000 од нив да бидат од Англија. Репрезентацијата на Бразил е единствена која била присутна на сите светски првенства и успеа пет пати да го освои победничкиот пехар. Во Англија сметаат дека токму нивната репрезентација е една од најомилените на љубителите на фудбалот. Фаворити како и секогаш се репрезентациите на: Аргентина, Холандија, Италија, Шпанија. [b]Домаќинот го отвора првенството[/b] Како што тоа е вообичаено, и овој мундијал ќе биде отворен со меч на домашната селекција. На \"Алијанц Арената\" во Минхен со почеток во 18 часот Германците за противник ќе ја имаат репрезентацијата на Костарика. Проблем за Јирген Клинсман е што Михаел Балак нема да може да настапи на овој натпревар, но најдобриот германски фудбалер би требало да се врати во тимот за вториот меч на Германците, против Полска на 14 јуни. Во вториот натпревар денеска, со почеток во 21 часот, на АУФ Шалке Арената во Гелзенкирхен ќе се сретнат Полска и Еквадор. [b]Шампионот ќе добие 15,5 милиони евра[/b] Сите 32 репрезентации што ќе учествуваат на Мундијалот ќе поделат 190 милиони евра како награден фонд. Светскиот првак ќе добие премија од 15,5 милиони евра. Првите 16 селекции што ќе испаднат во фазата по групи, ќе добијат по 3,79 милиони евра, оние што ќе стигнат до осминафиналето по 5,38 милиони, а пласманот во четвртфиналето вреди 7,28 милиони. За учество во полуфиналето репрезентациите ќе добијат по 13,61 милиони евра, додека светскиот вицешампион ќе биде побогат за 14,24 милиони. [b]Бразилците \"бркаат\" рекордни осум победи[/b] По седумте победи во серија на СП 2002, селекцијата на Бразил е на најдобар пат да стане рекордер по бројот на последователни триумфи на мундијалите. Евентуален триумф во првото коло над Хрватска би бил осми во серија за \"кариоките\", со избраниците на Пареира би биле рекордери во оваа категорија. Досега седум победи по ред имаат забележано репрезентативците на Италија (на мундијалите во 1934 и 1938 година) и двапати на Бразил (во 1970 година и од 1978 до 1982 година). [b]Најдобрите играчи не стануваат светски прваци[/b] Интересен куриозитет е фактот дека играчите што ја добивале \"Златната топка\" на Франс Фудбал за најдобар светски фудбалер, следната година не успевале да стигнат до трофеј на мундијалите. Година Играч Земја Мундијалски пласман 1957 Алфредо ди Стефано Шпанија Шведска \'58 - Не се квалификуваше 1961 Омар Сивори Италија Чиле \'62 - 1. Рунда 1965 Еузебио Португалија Англија \'66 - Полуфинале 1969 Џани Ривера Италија Мексико \'70 - Финале 1973 Јохан Кројф Холандија Германија \'74 - Финале 1977 Алан Симонсен Данска Аргентина \'78 - Не се квалификуваше 1981 Карл-Хајнц Румениге Германија Шпанија \'82 - Финале 1985 Мишел Платини Франција Мексико \'86 - Четвртфинале 1989 Марко ван Бастен Холандија Италија \'90 - Осминафинале 1993 Роберто Баџо Италија САД \'94 - Финале 1997 Роналдо Бразил Франција \'98 - Финале 2001 Мајкл Овен Англија Јапонија/Кореа 2002 - Четвртфинале [b]ИСТОРИЈАТА НАЈАВУВА ДОБАР МУНДИЈАЛ ЗА \"АЗУРИТЕ\"[/b] [em]Италија секои 12 години во финале[/em] Интересен е податокот дека од 1970 година, селекцијата на Италија успевала да стигне до финалето на секои 12 години. Така, \"азурите\" по неуспехот на СП во Мексико во 1970 (загубија од Бразил со 4:1), нова шанса да се борат за пехарот добија 12 години подоцна во Шпанија. На финалето на СП 1982 оваа селекција ја совлада Германија со 3:1 и дојде до титулата светски првак. По ова следеа два \"просечни мундијали\" , и нов пласман во финалето повторно по пауза од 12 години. На СП 1994 \"азурите\" повторно се пласираа во завршницата, но загубија на пенали од Бразил. Ако ваквата традиција продолжи, за очекување е токму на овој мундијал, во 2006 година, избраниците на Марчело Липи да бидат една од двете селекции на завршниот натпревар, на 9 јули во Берлин. [b]ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА МУНДИЈАЛИТЕ[/b] Прв постигнат гол: Лусиен Лорен (Франција - Мексико, 1930 година) Најмногу голови на еден меч: 12 (Австрија - Швајцарија 7:5; 1954 година) Најмногу одиграни мундијали: 5 (Антонио Карбахал, Мексико и Лотар Матеус, Германија) Најмногу одиграни мундијалски средби: 25 (Лотар Матеус, Германија) Најмногу одиграни мундијалски финалиња: 3 (Кафу, Бразил) Најмлад играч на мундијалите: Норман Вајтсајд (С. Ирска, 17 години и 42 дена на СП 1982). Најмлад играч на едно финале: Пеле (Бразил, 17 години и 249 дена на СП 1958). Најмногу постигнати голови: 14 (Герд Милер, Германија) Најмногу голови на еден мундијал: 13 (Жист Фонтен, Франција на СП 1958). Најмлад стрелец: Пеле (17 години и 239 дена). Најстар стрелец: Роже Мила (42 години и 39 дена) Најмногу голови на еден мундијалски меч: 5 (Олег Саленко, Русија - Камерун на СП 1994) Најбрз жолт картон: 1 минута (Сергеј Горлукович, Русија - Шведска на СП 1994) Најбрз црвен картон: 56 секунди (Хозе Батиста, Шкотска - Уругвај на СП 1982). [b]Фудбалската репрезентација на Бразил чини 410 милиони евра[/b] Репрезентацијата на Бразил во одбрана на титулата светски првак тргнува со најскап тим во историјата на фудбалот, откако светските маркетиншки агенции утврдија дека 22-цата бразилски фудбалери во овој момент вредат 410 милиони евра. Најдобриот и моментно најскапиот фудбалер Роналдињо, по освојувањето на титулата клупски првак на Европа со Барселона, достигна цена од речиси неверојатно 125 милиони евра. Иако таа цифра е малку нестварна, експертите се сложуваат дека неговата работа на теренот и името што би се користело на пазарот како бренд (марка) денес вреди толку пари. Вториот најскап фудбалер на петократниот првак на светот е првотимецот на Милан, Кака чија моментна цена е 35 милиони евра, додека Роналдо и Адријано вредат само 30 милиони евра. Проценките се дека во светот во моментов фудбал играат околу 5.000 бразилски фудбалери, а според податоците на Бразилската фудбалска федерација, само минатата година, дозвола за напуштање на државата добиле речиси 300 прволигашки и второлигашки играчи. [b]На СП во Германија за првпат прогласување најдобар млад фудбалер[/b] Берлин, 8 јуни (МИА) - Првпат во историјата на Светскиот куп, во Германија на крајот на првенството ќе биде прогласен најдобар млад фудбалер, соопшти денеска ФИФА. Главни кандидати за тоа признание би требало да бидат Вејн Руни и Лионел Меси, но во овој момент не е извесно колку тие ќе може да учествуваат на шампионатот. Што се однесува до Руни, тој вчера доби дозвола од лекарите да се приклучи на репрезентацијата на Англија, но ќе може да игра дури во 1/8-финалето доколку се пласира репрезенатцијата. Ниту Меси не е во многу подобра ситуација бидејќи дури сега се опорави од повреда на мускулот на ногата и не играше практично од март. Тој нема да игра најверојатно против Брегот на Слоновата Коска. Во конкуренција се сите фудбалери родени по 1 јануари 1985 година под услов да одиграат барем два натпревари. [b]Испити одложени поради Светското првенство во фудбал[/b] Факултетот за машинство и технологија во главниот град на Бангладеш, Дака, го прифати барањето на студентите за одложување на испитниот рок до завршувањето на Светското првенство во фудбал во Германија, соопштија денеска универзитетските власти. Сите академски активности на бангладешкиот Машински и технолошки факултет ќе бидат суспендирани до 14 јули, изјави портпаролот на таа образовна институција. Околу 2.000 студенти демонстрираа пред Факултетот барајќи вонреден распуст за да го следат преносот на натпреварите од СП во фудбал, што ќе се одржи од 9 јуни до 9 јули во Германија. По гледањето на натпреварите до доцна навечер, студентите нема да бидат во состојба да учат за испитите, истакна еден од демонстрантите. Одлуката за затворање на Факултетот за време на СП во фудбал е донесена откако студентите го затворија главниот влез на зградата и го блокираа сообраќајот околу кампусот. [b]Јапонци не скокајте во Рајна ако победите на некој натпревар[/b] Бон, 8 јуни (МИА) - Градските власти во Бон денеска апелираа до јапонските навивачи да не скокаат во реката Рајна, како што налага јапонскиот обичај, по секој добиен натпревар на Светското првенство во фудбал кое утре почнува во Германија. - Не скокајте во Рајна. Водената струја е премногу силна и може да се удавите, вели Бербел Дикман, претставник на градските власти во Бон каде јапонската репрезентација има своја база на Мундијалот 2006. Кога самураите се пласираа во 1/8-финалето на Мундијалот 2002, стотина навивачи го прославија успехот со скокање во реки и канали. Тогаш беа забележани неколку случаи на давење. [b]Германската армија подготвена да интервенира при евентуални терористички напади за време на Мундијалот[/b] Германските Вооружени сили ќе дејствуваат при евентуални терористички напади за време на Светското првенство во фудбал, ако полицијата не е во состојба да се справи со ситуацијата, изјави денеска во Брисел германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг. Тој рече дека ако бидат превземени такви напади, германската армија ќе ја исполни својата задача да ги заштити луѓето. - Денес веќе не е толку лесно да се разделат внатрешните и надворешните опасности... Ние никогаш нема да ги преземеме обврските на полицијата, но при напади од воздух или вода, полицијата не може да направи многу. Во таков случај само германските војници можат да помогнат, потенцираше Јунг. Според него, армијата ќе дејствува ако биде објавена вонредна состојба, но сепак и без специјална промена во одредбите на законите во земјата, на вооружените сили им се дозволува да дејствуваат на германска територија при одредени ситуации, како што се терористички напади.
Tweet |