речник контакт

Седмица со најгледаните филмови на светот, на репертоарот на Киноверзум Велес

Наредните седум дена на репертоарот на Киноверзум Влес, нема премиерни, се прикажуваат филмови кои се меѓу најгледните во светот изминатиот викенд.

Петар Печков

На врвот по гледаност е американскиот хорор „Оружја“  . Кога сите деца освен едно од истото одделение мистериозно исчезнуваат истата ноќ во исто време, заедницата се прашува кој или што стои зад нивното исчезнување. 

Втор на листата по продадени билети е комедијата  „Уште пооткачен петок“  со Џими Ли Кертис. Години откако Тес и Ана претрпеа криза на идентитетот, Ана сега има ќерка и наскоро поќерка. Додека се движат низ предизвиците што доаѓаат кога две семејства ќе се спојат, Тес и Ана откриваат дека гром може да удри двапати.   

На петото место по гледаност е комедијата „Гол пиштол“со Лијам Несон, успешно навраќање на оригиналот од1988 година со Лесли Нилсен.

Штрумфовите се враќаат во нова магична авантура! Кога Тато Штрумф е заробен од злите волшебници Гаргамел и неговиот брат Разамел, нов лик во Штрумфовите.   Гласот на Штрумфета и музичките нумери во филмот ги пее Риана.  

Анимираниот филм  на Дизми, кој се прикажува безмалку три месеци е Дизни Лило и Стич.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »