речник контакт

Седум години затвор за полов напад врз дете

Момче од Мелница признало дека полово нападнал десетгодишник

Петар Печков

Елвидин Зумберов (19 год) од велешкото село Мелници доби седум години завор за  кривичното дело ,,полов напад врз дете,,. Тој го признал делото по што  судија во Основен суд Велес  му ја изрече оваа казна.  

Зумберов  на 27-ми јули минатата година,  околу 19 часот во Мелница го пресретнал десетгодишното дете, кое се враќало од локалната продавница  кон дома, го кренал во раце и го однел во сокак кој се наоѓал подалеку од домот на детето, каде што го извршил половиот напад.

После насилниот сексуален акт пријавениот побегнал , а детето заминало дома. Од срам не кажало никому. Наредниот ден неговата мајка забележала дека детето е изнемоштено и не може да се движи, по што тоа  разговарало и кажало што се случило. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »