речник контакт

Седум години затвор за разбојништвото кај сточниот пазар

Обвинетиот Демиров го признал делото, пресудата е правосилна

Петар Печков

 Амет Демиров (30 год) од Велес доби седум години завор за разбојништво, кое го стори над жена, во местото викано „Сточно пазариште“. 

Тој во Основен суд Велес  го признал делото а пресудата е правосилна. Демиров делото го сторил  17 февруари, во 19,30 ч. годинава.

Според обвинението се приближил од зад грб на  жена, ја повлекол за чантата и започнал да ја влече. Бидејќи не можел да ѝ ја оттргне, ја удрил по окото и устата, нанесувајќи ѝ телесни повреди, ѝ ги скршил очилата, па ја турнал на земја.

Од оштетената ја одзел чантата со паричник во кој имало околу 300 денари, 20 евра и лични документи. Полицијата бргу по настанот го уапсила лицето, украдените предмети ги пронашла кај него и ги вратила на сопственичката, жена на возраст од 64 години. 

Демиров бил и претходно осудуван за разбојништво но и за  други кривични дела.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »