речник контакт

Седум дена велешани дишат високо загаден воздух

Владата донесе итни мерки оти Скопје и други градови се гушат во лош воздух

Петар Печков

Седум дена воздухот во Велес е со високо концентрации на ПМ 10 честичките.  Од 8-ми декември до вчера, со тоа што и денес часовните вредности се високи, па кога ќе заврши денот ќе покаже дека имаме уште еден ден со натпросечни концентрации на ПМ 10 честички.

Или во бројки е следно: 8-ми -194 мг/м3 ; 9-ти  76,26 мг/м3 ;  10-ти  87,68 мг/м3;  11-ти – 95,27 мг/м3,  12-ти 160,43 мг/м3; 13-ти  187,28 мг/м3 и 14-ти  167,02

Владата донесе сет мерки  меѓу нив и забрана за одржување спортски и други манифестации на отворено, како и да се прилагоди времето за работа на работниците кои работат на отворено во период од 11 до 17 часот.  

Во вонредни мерки спаѓаат и зајакнати инспекциски контроли на Државниот инспекторат за животна средина на капацитетите кои подлежат на А интегрирана дозвола, како и зајакнати контроли од општинските инспекции на капацитетите со Б интегрирана дозвола.

Со вонредните мерки се опфатени и градежните компании кои треба редовно да ги измиваат градежните возила при излез од градилиштето, а транспортот на градежните возила и машини да се прави во 7.30 часот. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »