речник контакт

Седум екипи ќе играат во новото првенство на Општинската фудбалска лига Велес

Првенството започнува викендот 27/28 септември

Петар Печков

Извлечена е ждребката за новото првенство на Општинската фудбалска лгиа Велес, сезона 2025/26 година.

Ќе настапат седум екипи, Младост, Согле, Врановци, Горски, Локомотива –Градско, Раштани и Форца нова. Иако го најавила учеството, пред ждребувањето ФК Бузалкова се откажал, поради недоволен број фудбалери, повеќето заминале странство.

Новак во ова друштва е составот на ФК Раштани.

Првенството  започнува викендот 27/28 септември, треба да заврши на 9-ти ноември

Паровите во првото коло се:
ФК Младост - ФК Локомотива. 
ФК Согле – ФК Раштани. 
ФК Врановци – ФК Форца нова. 
Екипата на  ФК Горски e слободна.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »