Петар Печков
Објавено: понеделник, 18 мај 2015
Деновиве по јавните површини низ градот започна пролетното разубавување на Велес. На повеќе површини се засадуваат околу седум илјади цветни садници.
На различни површини, се засадуваат различни видови цвеќиња. Сето тоа ќе биде во една целина. Очекуваме и апелираме граѓаните да не го уништуваат цветниот расад - валат од ЈКП Дервен од РЕ Паркови и зеленило.
Првите денови цветниот расад се засадува кај ДОЗ, пред Пошта, Судот, кај Општина, пред Хотелот Вила Зора. Потоа ќе продолжи во населба кај Касарна, Младински парк, по улицата Благој Ѓорев.
Годинава започнавме подоцна со овие активности оти имавме врнежлива пролет и доцна вегетација - велат надлежните.
Засадувањето на цветниот расад ќе се одвива сукцесивно во наредните денови, до крајот на месецов.
Tweet |