речник контакт

Седум нови случаи на ковид-19 во велешко, оздравени девет

Во велешко активни се 385 случаи на лица со корона вирус, во Болница се хоспитализирани 37 пациенти

Петар Печков

Министерството за здравство објави дека во велешко денес,среда се  регистрирани седум  нови случаи на лица позитивни на ковид-19 а оздравени се девет. Или во велешко активни се 385 случаи а досега  од корона вирусот  се заразиле 2.895 лица. Починати oд последиците на ковид заразата се 97 лица од велешко.


Во велешка Болница  се хоспитализирани 37 пациенти, на Инфективно 31 а на Интерно шест.  Од лежечките пациенти 25 се потврдени позитивни, четворица се  сомнителни и   осум  пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 14 пациенти. Испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »