речник контакт

Седумгодишно девојче повредено во сообраќајка на Бабуна, велешанец учесник во сообраќајка кај Катланово

Два настана кои се случија вчера- недела, попладне

Петар Печков

МВР во денешниот билтен информираше за два настана кои се случија вчера- недела, попладне.

Неделата попладне околу 16.10 часот во населба Бабуна во Велес, патничко возило „фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки, управувано В.З.(26) од Велес удрилo во седумгодишнo девојче од Велес- информираа од МВР.

По незгодата, девојчето било пренесено во Општата болница во Велес каде од доктор биле констатирани тешки телесни повреди. 

Детето има повреди на глава, абдомен и скршеници на надлактица. Поради специфичноста на повредите, пренесена е на Детската клиника во Скопје - информираше д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес.

Неделата  17-ти мај  околу 18 часот на локален пат село Катланово- село Брезица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „лада“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(46) од Скопје и патничко возило „нисан примера“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.С.(29) од Велес. По незгодата сопатниците во патничкото моторно возило „лада“, Р.Ј.П.(48) и 10 годишна малолетничка, двете од Скопје, биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде од доктор им биле констатирани тешки телесни повреди - соопштија од МВР. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »