Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 септември 2014
Околу 14,10 часот на автопатот Скопје – Велес се случи тешка сообраќајна несреќа, каде во директен судир има седуммина повредено. Поради близината на несреќата шестмина се пренесени во велешката Болница.
Според очевидците несреќата се случила кога црн автомобил, марка голф со косовски регистарски таблички удрил во мерцедес со велешки таблички, патниците од Кавадарци. Сведоците тврдат дека косовскиот автомобил возел во спротивна насока на автопатот од Велес кон Скопје, најверојатно грешејќи ја делницата, додека мерцедесот претекнувал колона автомобили и возел по левата трака за престегнување, кога се судриле директно.
Во сообраќајката седум лица се потешко повредени. Поради тоа што се случила на 2-3 километри после тунелот кај Катланово шестмина се пренесени во Општата Болница во Велес а еден пациент со најтешки повреди директно во Ургентен во Скопје.
Во 14,25 часот донесени се шест повредни лица. Едната пациентка родена 1962 година, поради тешката повреда на главата веднаш е препратена на Ургентен во Скопје, додека на останатите пет лица се вршат претраги и испитувања во нашата Болница – изјави д-р Силвана Мишкова портпарол на ЈЗУ Општа Болница Велес. Подоцна уште две лива од велешката Болнциа итно се превезени на Ургентен в о Скопје.
Во „голфот“ имало четворица повредени, тројца во „мерцедесот“. Шестмина се пренесени во велешката болница, додека најтешко повредената сопатничка во „мерцедесот“ е префрлена во скопскиот Ургентен центар.
фотографијата за илустрација не е од оваа сообраќајка
Tweet |