речник контакт

Седуммина прилепчани фатени како на диво сечат шума во велешко

Oдземени се три патнички автомобила, три моторни пили, две рачни пили и 4,7 метри просторни огревни дрва

Петар Печков

  Во заедничка акција на полицијата и шумската полиција  фатени седум дрвокрадци прилепчани, кои нелегално работеле во велешко.

 Според СВР  Велес акцијата била спроведена во четвртокот во попладневните часови, на стариот пат Велес с- Прилеп, на планината Бабуна, близу селото Степанци,  на лице место фатени   се седум лица од Прилеп на возраст од 17 до 45 години, како бесправно сечат дрва во државна шума.

 При тоа  одземени се  три патнички автомобила, три моторни пили, две рачни пили и 4,7 метри просторни огревни дрва. Во акцијата за  контрола на кражби на дрва, пустошење шуми и бесправен превоз на огревни дрва, учествувале полициски службеници од Велес,  Прилеп и Чашка,  вработени од шумската полиција и од Македонски Шуми.

 По целосно документирање на настанот,од  велешката полиција информираа дека  ќе бидат процесуирани соодветни кривични и прекршочни пријави. Жителите на селата од овој регион често реагираат дека дрвјата  бесправно се сечат а дека сторители се прилепчани кои доаѓаат и ја  пустошат шумата. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »