речник контакт

Седумнаесет годишник од Велес, Тоше Велев, го освoи Монт Блан

Со помош на Велев, ТРМР ви два можност и Вие да го почувствувате погледот кон и од Монт Блан

Петар Печков

Седумнаесет годишниот велешанец Тоше Велев  се искачи на врвот, Монт Блан, за кој се уште се верува дека е кровот на Европа. Toj  e  член на Планинарскиот клуб ,,Кораб,, од Скопје и  заедно со десетмина други алпинисти, колеги од клубот од прва,пред еден месец, го искачиле овој врв. Повеќето од учесниците се  млади до 20-тина години, ,. Одисејата  на искачувањето, на експедицијата ,,Алпи,, траела три дена. Иако малолетен имал храброст, да прифати предизвик, со кој и многумина повозрасни не би се нафатиле.

Ова беше моја голема желба, која ја остварив, бев најмлад од сите десетина учесници. Исполнет  и среќен се вратив дома, бидејќи успеав во мојот досегашен младешки сон. Одозгора погледот е фантастичен. Се гледаат само планини, врвови и облаци – вели скромно Тоше.

По враќањето  другарите велеле браво, честитале.  Повеќето се чуделе и се изненадени бидејќи е млад. Сестра му  Данче се гордее со него и овој негов потфат, заедно со,  мајка му  Боркица  и татко му  Ангел. Како загревање пред освојувањето на   Монт Блан ( 4807) го искачиле Триглав (2864м) во Словенија, потоа во Италија  Гран Парадизо ( 4061м). 

Освојувањето на Монт Блан започнало со искачување до планинарски дом, кој се наоѓа на височина од 3.100 метри. До таму стигнале  со планински  воз од Шамони во Франција  до 2.200 метри, а потоа четири  часа пешачење до домот ,,Тетру,, Времето било многу лошо, со силен леден  дожд а патката била камена, кои бегале под нозете.  Следниот ден времето се отворило и им било наклонето,  со потребните  убави  услови, бидејќи следел најтешкиот, најстрашниот  дел од  искачувањето, патеката наречена ,,Кулар на смртта,,. Ден пред тие да минат, загинал Чех а годишно при освојувањето на Монт Блан гинеле по 300 планинари. Тоа зборува колку е опасно  искачувањето на Алпите.

 Куларот на смртта   се  две карпи и меѓу нив како корито низ кое од високото се тркалаат огромни камења. Пред неколку месеци тоа  било глечер, кој се одмрзнал летово и нема што да ги држи камењата и тие без причина се лизгаат. Огромни камења кои се смртоносни за алпинистите. Погледнуваш пред да тргне , дали доаѓа камен и ако нема тргнуваш. Преминот трае дваесетина  секунди,  широк е стотина метри, сам ја бираш патеката, бидејќи нема ништо што може да помогне и трчаш, гледаш да стигнеш што побргу на другата страна да го избегнеш дождот од камења. Додека ние дојдовме тој ден  претходно имало пет одрони,  ни споменаа од  домот. Носиме  кациги, заштитни шлемови, кои малку можат да помогнат ако удри камен – објаснува Тоше.

По овој смртоносен дел  следело  искачување околу четири часа до нов дом наречен ,,Дегутена ,,  на 3.800 метри надморска височина Ова бил најнапорниот дел, стрмен за искачување, со ранци на грб тешки  по 15 кг. Морало да се обезбедат  со сајли и јажиња, со кои се прикачувале и освојувале нов простор кој ги води до врвот.  За еден ден  освоиле 1.200 метри надморска височина од 3.100 на 4.300. Воздухот  е редок и тоа успорувало и уморувало.  Тука е тешко да се искачува, бидејќи е вечен мраз, внимателно да се гази, дува ветер. Таму ноќевале. Се искачиле на заслон ,,Валот,, на 4.300.

Кон нашата цел тргнавме во 6 часот наутро а го освоивме  во  8,37 минути  на 16 август вторник. Беше одлично време, чисто. Времето минато таму е за незаборав, глетката не може да се прераскаже. Како во сон, бескраен простор пред себе и облачиња како памук.  Последната фаза ја миневме заедно со група словенечки алпинисти. Сакам да продолжам со алпинизмот, следно нешто повисоко што би освоил е  Елбрус врв  на Кавказ (5642м), спремен сум да ја реализирам, за некоја година – вели младиот Велев, кој е ученик во Средното училиште Коле Неделковски од Велес, во трета година, информатика. 

Додека се искачувале, се  хранеле со енергетски чоколада, суво овошје, сливи, ананас, и пиеле многу вода  до три литри на ден. За овој подвиг, се подготвувал од мај месец, возел велосипед, трчал, константно спортувал.  Посебна благодарност има кон водачот на експедицијата прекалениот планинар Љубомир Котевски, кој имал верба во него и иако малолетен, го земал во екипата за освојување на Монт Блан.

Љубов кон планините ја добил на  осумгодишна возраст,  кога со татко му  за прв пат  бил на планина, на Чеплес, ја засакал планината и тоа прераснало во нешто повеќе, во желба за искачување, за истражување на височините. Бидејќи во Велес немало клуб каде може да работи, се решил да стане член на ПК,,Кораб,, од Скопје, сакав да планинарам. Во тоа ми помогна вујко ми Виктор. За 15 месеци како што е планинар, секој месец освојува по еден врв, и досега се искачил на  повеќе од 20.  Може да се пофали дека Балканот веќе го има освоени, Мусала ( 2925 м)  на Рила,  Митикас ( 2918м) на Олимп и Вихренд ( 2912м) , тоа се трите највисоки врвови на Балканот.

Паѓањето на ,,железната завеса,, во Европа ги помести и географските вредности. Ако до 90-тите години на минатиот век најдолга река во Европа беше Дунав, сега е Волга со 3,7 илјади км. Највисок врв е Елбрус 5642 м на Кавказ, наместо Монт Блан а и географскиот центар се дислоцира во близината на Вилнус – Литванија.

Фотографиите се сопственост на Велев и можат да се користат само со негова дозвола

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »