Петар Печков
Објавено: сабота, 12 септември 2020
Билансот од ковид-19 за вечерашниот ден, соопштен денес од Центарот за јавно здравје Велес е две ново заразени лица и тројца оздравени. Така бројката на активни случаи во велешко ја продолжува тенденцијата на намалување. Денес имаше 16 активни случаи.
Има регистриран случај на 17 годишник од општина Градско и жена која се тестирала приватно. И двајцата не можат да посочат од епидемиолошката анкета каде и како се заразиле. Има тројца оздравени, еден е од Инфективното одделение од Болница и две лица од домашно лекување. Едниот од овие оздравени е и докторката од Итната помош - изјавија од Центарот за јавно здравје.
Вкупно заразени досега во велешко има 285 лица, 255 се оздравени а 14 починати,
Од активните случаи десет се на домашно лекување, пет на Инфективно одделение и еден е на Инфективна клиника во Скопје.
На Инфективно одделение од велешка Болница хоспитализирани се 11 лица, девет се потврдено позитивни и за две лице се чекаат резултати
Tweet |