Петар Печков
Објавено: понеделник, 25 јануари 2021
Седумнаесет оздравени и еден ново заразен е состојба со корона вирусот во велешко денес, понеделник, соопштија од Министерството за здравство. Со ова продолжува да паѓа бројката на активни случаи, денес има 241 а досега биле заразени 3011 лица. Во велешко досега има 102 лица починати од последиците на ковид заразата.
Вo велешка Болница се хоспитализирани 25 пациенти, на Инфективно одделение се 22 а на Интерно тројца. Од лежечките пациенти 19 се потврдени позитивни, четворица сомнителни и двајца пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се седум пациенти.
Tweet |