Петар Печков
Објавено: четврток, 09 мај 2019
Три дена комуналците од ЈКП Дервен го чистеа сметот кои посетителите го оставија по првомајскиот празник на излетничките места во околината на Велес. При тоа собрани се 17 трактори со отпадоци. На езерото Младост и на реката Бабуна, долниот тек, биле собрани 25 м3 ѓубре кое надлежните го прибираа.
Повеќето од сметот беше покрај брегот на езерото Младост каде се работеше два дена, додека помалку покрај реката Бабуна каде се чистеше еден ден -информираа од ЈКП Дервен.
Хартија, пластични шишиња, искршени и неупотребливи викенд столчиња, заборавени скари, се најдоа во стотиците килограми смет кои завршија на градската депонија.
Од ЈКП Дервен апелираат овој простор, кој служи за излет и сега е чист во пресрет на летната сезона, гостите на езеро Младост да ги користат кантите за отпад а на Бабуна контејнерите, за да не се повторува оваа грда првомајска слика.
Tweet |