Петар Печков
Објавено: четврток, 02 април 2020
Сезонскиот грип заминува со месец март. Ова го покажуваат бројките на Центарот за јавно здравје Велс, кои ги соопшти д-р Бојан Тодоровски.
Во последната седмица од март во велешко се заболени 12 лица, од нив најмногу осум се деца на претшколска возраст осум, и по два случаи деца на школска возраст и лица од 15 до 64 години. Заболени од грип над 65 годишна возраст немало, лица кои и најмногу се вакцинираа против сезонскиот грип.
За потсетување во трета седмица од март имаше 60 лица. Вкупно во месец март имаше 542 заболени во велешко додека во првите два месеци од годината 2.177.
Tweet |