речник контакт

Секнаа чешмите во село Караслари

Шестотини жители од средата беа без вода, од денес ги снабдува цистерна. Така ќе биде се до решавањето на проблемот со селскиот водовод

Петар Печков

Пет дена жителите на велешкото село Караслари беа без вода за пиење. По нивните реакции од деенс, понеделник, општина Велес започна да им дистрибуира вода во цистерни. Така ќе биде се додека не се реши проблемот со водоснабдувањето на шестотини жители од селото, кое се наоѓа близу автопатот Табановци- Гевгелија, непосредно до мостот на реката Вардар кај Велес. Тие се исклучени од мрежата поради тоа што водоводниот систем нема струја. Работите околу изградбата на трафостаница која ќе го снабдува со вода заглавила, па сега селаните од средата се без вода за пиење.

Срамота е на ова време да немаме вода, децата ќе се изразболат. Колку пати сме реагирале до надлежните во општината но работите не се поместуваат. Требаше да се изгради нова трафостаница за нашиот водоводен систем, оти таа на кој сме вклучени е приватна сопственост.  Нејзиниот газда  толерираше долго време  иако поради нас плаќа високи сметки за струја. Поради тоа во договор со општината требаше да се изгради нова трафостаница, до постојната до 20-ти септември. Рокот помина станица нема, па струјата се исклучи и сега домашните чешми се суви – велат жителите од селото Караслари.

Додаваат дека сите сметки за потрошената струја им се подмирени а решение за проблемот гледаат да се спроведе одлуката на Советот на општина Велес, ЈКП Дервен да го преземе водоводниот систем на селото кој е изграден со самопридонес во 1985-тата. Иако таква одлука имало донесено повеќе од две години истата не се спроведува, се жалат жителите од село Караслари. Од општина Велес вината за ваквата состојба ја посочуваат во неинтересот за изградба на трафостаницата.

Во текот на летото распишавме тендер за изградба на трафостаницата, на него не се јави никој. Моравме да го повториме со што се изгуби време. Изведувач е пронајден за градежниот дел, додека за внатрешноста на трафото имаме друг тендер кој е завршен. Таква е процедурата на градба. Очекуваме дека најдоцна за десетина дена трафостаницата ќе биде готова а со тоа и жителите на село Караслари ќе добијат вода  од нивните чешми. Дотогаш ќе добиваат вода од цистерни – велат од општина Велес.

Одговор за прашањето зошто ЈКП Дервен не го презема водоводот иако со одлука на Совет им е даден, тие препраќаат до надлежните во велешкиот водовод.Водовод имаат само жителите на Долно Караслари, додека стотината од Горно со магариња носат вода од селската чешма. Како и пред еден век.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »