Петар Печков
Објавено: вторник, 11 февруари 2014
Дивите тезги се вратија околу Градскиот пазар. Не се тука, само овој вторник, туку подолг период. Ако пред четири месеци по барање на повеќе служби, овие тезги ги снема, тие пак се појавија.
На почетокот до октомври по барање на општинските власти тие заминаа. Но еве пак се вратија. Иако со нивната работа го оштетуваат и општинскиот и Републичкиот Буџет, влијаат на приходите на ЈКП Дервен РЕ Пазари, на продавачите кои легано работат внатре во пазарот, дивите тезги веќе еден месец се секојдневие.
Со нивната работа влијаат и врз безбедноста на сообраќајот, оти ги имаат узурпирано тротоарите, го имаат окупирано паркингот пред поранешен Туш. Со нивната работа и бучавата која ја создаваат.,влијаат и врз наставата во три Основни училишта. Згора на се узурпираат јавни површини. Но сите овие причини не се доволен аргумент за да се застане на пат на нелегалните пазарџии.
Tweet |