речник контакт

Секој трет Македонец пушач, лидери во регионот

САД бележат драматичен пад, само 19 отсто од населението се пушачи. Сè помалку пушачи има и во Канада, Мексико и Исланд. Процентот на пушачите во Шведска и Белорусија расте

Петар Печков

Македонците,  лидери  по бројот на пушачи во регионот, земјава се најде на врвот на светските ранг-листи, покажуваат податоците на Заводот за метрика и евалуација на здравството  на Универзитетот во Вашингтон.

Според  истражувањето, во Македонија пушат 37% од населението  или  има 640 илјади активни  љубители на никотин, бројка која сериозни загрижува. Зад  нас, следат БиХ  со 32  од сто, Хрватска -31%,  Србија и Црна Гора со по 27 проценти и Албанија со 21 на сто пушачи. САД  бележат драматичен пад,  само 19 отсто од населението се пушачи, наспроти  42-та насто пушачи  во далечната “65-та година. Сè помалку пушачи има и во Канада, Мексико и Исланд. Процентот на пушачите во Шведска и Белорусија расте.

И покрај сите јавни напори и кампањи  на Владата, за штетноста на пушењето врз здравјето, донесениот закон за забрана за пушење во кафулињата,рестораните и угостителските објекти,  македонската никотинска навика, тешко се менува, велат граѓаните....

Пушачите се наоѓаат во поголем ризик за развој на многу видови рак,  38% од сите смртни случаи на рак кај мажите и 23% од сите смртни случаи на рак кај жените, се припишуваат на никотинот. Бидејќи пушењето цигари се повеќе преовладува  во земјите во развој, стапката на 
болести, како ракот на белите дробови, исто така се зголемува.

Иако здравствените власти постојано потенцираат дека цигарите се еден од најголемите причинители за смртност на населението, лошата навика тешко се искоренува.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »