речник контакт

Секој трет велешанец со висок крвен притисок, лани 150 срцеви удари во градот

Општинската организација на Црвениот крст го одбележа „Светскиот ден на срцето 29-ти септември“

Петар Печков

 Во 2012 година во градот Велес имало без малку 15 илјади граѓани со повишен крвен притисок, или секој трет велешанец  имал здравствени проблеми поради  хипертензија. Лани во градот се регистрирани 150 случаи на срцеви удари од кои 102 се кај мажите а 48 кај жените. Ова се бројките кои докторите од  Црвениот крст ги соопштија по повод   29-ти септември Светскиот ден на срцето.

Во времето во кое живееме имаме голем морталитет и морбидитет од коронарната болест па затоа решивме да делуваме врз превенцијата со цел да се намалат страдањата и заболувањата од коронарната болест но и последиците -  изјави   д-р Милчо Трајков, претседателот на Црвен Крст на Македонија.

По тој повод активисти на подмладокот на Црвениот крст заедно со докторите Горан Богатинов и Атанас Ѓорѓиевски делеа  на сограѓаните пред споменикот на Кочо Рацин во дворот на Гимназијата совети како и мали пакети со овошје, зеленчук, без масно  сирење и мала количина вино, како прилог кон менувањето на животните навики во поглед на исхраната.

Целта  ни е да подигнеме нивото на здравственото воспитување и менување на животните навики во поглед на исхраната кај населението и спортувањето - рече д-р Атанас Георгиевски.

Црно вино до 200 милилитри или една чашка вранец секој ден, консумирање на козјо без масно сирење и што повеќе зеленчук и овошје наместо шеќер се доволни за добро здравје. И се разбира што помалку сол – вели д-р Горан Богатинов.

По повод Светскиот ден на срцето се одржа и трка низ Градскиот парк, каде учествуваа подмлаткари од Црвениот крст Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »