речник контакт

Секој четврти жител на општината со срцево заболувања

Болеста на срцето е најчеста причина за смртта на велешани

Петар Печков

Брзиот и модрен начин на живот остава траги по здравјето на човекот.  Високиот крвен притисок, дијабетисот, дебелината , физичката неактивност се  ризик фактори за појавувањето на  срцево садови заболувања.   Во општина Велес  27 отсто од нејзините  жители се  со срцеви зболувања, ова се податоци со кои располага  Општинскиот Црвен крст. Болеста на срцето е најчеста причина  за смртта на велешани.

Од  57 илјади  жители  во општината,  15.818 се со срцеви заболувања или во проценти тоа е  27 отсто.  Подеднакво заболуваат   мажите и жените. Има виден пораст на кардиоваскуларни болести и болести на срцето.  Можеби зголемениот број лежи во подобрената дијагностика , во системот на детекција,   но има и  став дека е поради начинот на живеење - вели д-р Мило Трајков претседател на Општинската организација на Црвениот крст од Велес.  

Според него 85 отсто од   причините за инвалидитет во земјава се  од инфарктот на миокардот и мозочен удар, а  се намалува старосната граница на заболените. Во Македонија секој втор  починат умира од проблеми од срцевите заболувања а додека секој шести од рак.

Потсетува дека Македонците живеат четири години подолго од граѓаните на земјите на Источна Европа а пет години пократко од граѓаните на земјите на Западна Европа. Грците живеат подолго оти се хранат о риба и маслиново масло  Според докторите причина е начин на живеење, здравствена  култура, стандардот.  

Ризик фактори се возраста, полот, генетското наследство  но има и такви кои можат да се намалат, пушењето, исхраната, хипертензија, шеќерот, физичка неактивност, зголемена маснотија во крвта, дебелината. Влијаание имаат и   стресот и алкохолот - објаснува д-р Трајков. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »