Петар Печков
Објавено: четврток, 19 јуни 2014
Водата во дел од селските водоводи, чешми и бунари во Велешко е бактериолошки и хемиски неисправна, покажаа анализите на ЈЗУ Центар за јавно здравје Најисправна, 100 проценти, е водата во градскиот водовод.
Според д-р Снежана Петрова, специјалист по хигиена во Центарот за јавно здравје, 25 проценти од испитаните селски водоводи, чешми и бунари во велешко се бактериолошки неисправни, а 10,3 отсто се хемиски неисправни. Кај некои е утврдено и присуство на нитрити, како и заматување на водата.
Освен во селските и во некои градски природни чешми во Велес лекари при анализите на примероци изолирале ешерихија коли и колиформни бактерии.
Петрова апелира до раководствата на месните заедници во велешките села кои раководат со селските чешми, бунари и водоводи редовно да ја хлорираат водата за да биде исправна за пиење.
За населението кое ја конзумира оваа вода, лекарите предупредуваат, пред пиење водата да се преврива. Во спротивно, може да предизвика уринарни и цревни инфекции
Tweet |