Петар Печков
Објавено: сабота, 27 април 2013
Иако денес, сабота беше последниот рок до кога требаше да се отстранат камп приколките кои се покрај брегот на езерото Младост, тоа не се случи. Малкумина од сопствениците го сторија, додека повеќето или ен знаеле или не сакале да ја почитуваат оваа општинска одлука. На сите вакви објекти долж брегот, во близина на водата има поставено предупредување дека тие се диви и треба да се отстранат од тој простор.
Врз основа на Законот за јавна чистота од 2011-та година, забрането е поставување на камп приколки на јавни површини о отворени простори. Затоа овие објекти треба во најкус рок д се дислоцираат од брегот на езерото. Ако тоа не се случи ќе бидат преземени санкции во согласност со овој Закон – велат од општина Велес. Предупредувањата биел закачени оваа седмица а рокот истече на 27 април, сабота. Но малкумина ги отстраниле објектите. Посетителите на езерото, како можност за рекреација и одмор наоѓаат на овој простор, ја поддржуваат оваа акција на локалните власти.
Брегот треба да биде достапен за сите, ен за некој што само си поставил приколка и смета дека е негова површината. Бидејќи доаѓам често, можам да кажам дека наместо да се отстрануваат гледам нови приколки во крајбрежјето. Очекувам дека надлежните ќе издржат на оваа акција и ќе се воведе ред на езерото Младост – велат велешани кои овој викенд беа покрај бреговите на прошетка. Во контрола на состојбата беа и комуналните инспектори од општина Велес, иако беше неработен ден. Известувањето е закачени на 24 април а рок на примена е три дена, пишува на документот.
Tweet |