Петар Печков
Објавено: четврток, 06 јули 2017
Водата за пиење, од селските водоводи, најчесто е загадена, бидејќи системите не се хлорирани. Тие кои се хлорираат се добри за пиење, но тие што не` , најчесто се загадени.
Во селските водоводи кои немаат инсталирано хлоринатори, водата е загадена со ешерикија коли и не треба да се употребува. Забуна прави кај месното население одбраната која организмот со годните ја создава. Тие имаа одбрана од бактериите и не можат да се убедат дека водата не е квалитетна. Тврдат ,,јас ја пијам 20 години и не ми е ништо,, . Ама ако се напие внуче кое дошло на гости или некој трет, се појавуваат проблемите, со повраќање со чести и течни столици.
Ако ги дадат водите на користење на некое јавно претпријатие да се грижи , да ги одржува чисти, да се хлорира, тоа треба да се плати. Кај нив се јавува отпор, водоводите ние ги градевме, наши се – да тоа е точно, ги граделе за да имаат вода, но за да имаат чиста вода треба да се преработи. Тоа е вечна дилема по селата. Така беше на папрадишка колонија, селаните ја пијат од селската чешма со години ништо не им фали, ама гостите со проблеми. Дури и водата во Башино село има денови кога е неквалитетна за пиење. Повеќе има кога е загадена отколку што не е загадена – изјави Флорентина Шурбевска Ристовска.
Бројот на извршени проби на квалитетот зависи од бројот на жители кои ја консумираат.
Tweet |