Петар Печков
Објавено: понеделник, 21 мај 2007
Тука сме за да го изразиме нашиот силен дух и да се заблагодариме за нашето вечно и непрекинато македонско постоење, за да се потсетиме на нашите претци кои во услови на немаштија и ропство пркосеа со кренати глави, со ваква порака го отвори Вториот Семакедонски православен собор домаќинот, Митрополитот Повардарски Агатангел. Соборната црква „Св. Пантелејмон“ во Велес, местото на настанот, по многу време преполна со верници и гости кој дојдоа на Соборот кој го организираше МПЦ.
- Не треба да се докажуваме било кому кој фрла стрели по нашиот македонски идентитет, тоа не е потребно. Македонија е реалност а ние на лошото ќе вратиме со добро, зошто човек без оглед на неговото национално потекло е наш брат и ближен - порача Владиката Агатангел. Пред бројните присутни гости и верници, кои дојдоа од повеќето градови на Македонија, за потребата од единство говореше Архиепископот на МПЦ. Тој ги потсети присутните со нивниот голем број кој покажува дека се тука да посведочат дека македонскиот народ постоел од древни времиња.
- Најсило е духовното единство, секој народ, секоја црква треба да го негува него. Ние сме меѓу народите кои сме поделени и како татковина и како земја, раселени, затоа ни е потребно духовно единство - изјави Архиепископот на МПЦ г.г. Стефан. Предавање на тема „За подвигот на единството“, говореше проф. д-р Ѓоко Ѓорѓески од Теолошкиот факултет во Скопје, додека пак верниците побараа почести вакви собири на повеќе места од Македонија.
- Добро е МПЦ да организира вакви средби каде ќе се остварува контакт со верниците, ние ќе можеме да учиме за верата но и црковните великодостојници да го слушнат нашиот глас - вели Станко Митев, еден од многуте гости верници.
Вториот Семакедонски православен собир се одржува во спомен на Никејскиот собор одржан 325 година и црквата овој настан го обележува помеѓу Спасовден и Духовден а го празнува во чест на таму присутните оци.
Цел на соборот е како да се чува црквата и чистотата на учењето, првиот е одржан во Скопје а следниот е закажан за во Струмица наредната година. На него освен Поглаварот на МПЦ Архиепископот Стефан и Митрополитот Аганангел, присуствуваа и Митрополитите Полошко Кумановски Кирил, Митрополитот Преспанско - Пелагониски Петар, Митрополитот Струмички Наум, Митрополитот Европски Пимен како и гостинот од Бугарската православна црква Архијерејскиот заменик Василиј од Варна, втор човек по Владиката Кирил на оваа Епархија.
МПЦ сеуште нема повратен одговор по писмото кое во електронска форма неодамна и ги испратија на СПЦ.
- Заседанието на Соборот на СПЦ сеуште трае, така што засега нема никаков одговор. Нашиот став во натамошните разговори е јасен, решавање на автокефалниот статус на МПЦ и задржување на името по примерот на сите православни национални цркви - изјави Архиепископот г.г Стефан. Тој решението на проблемите со СПЦ ги гледа во меѓусебен дијалог и не може да каже дали и кој би можел да биде медијатор во овој случај.
Господин Стефан верува дека Министерството за правда подготува добар и вистински Закон за животот на црквите во Македонија и по неговото донесување, ќе нема потреба да стравуваме дали ќе бидеме примени во НАТО и ЕУ.

Tweet |