речник контакт

Семеен бизнис

Десет жени од Велес се вработија откако отворија свои фирми преку проектот „Семеен бизнис“ финансиран од Финската Влада. Тие за оваа намена добија по 4,5 илјади евра неповратни средства и веќе започнаа со работа.

Петар Печков

Со помош на овој проект десет девојки, сите со различно образование, покажаа креативност  регистрираа 10 фирми и започнаа со работа – вели Мирјана Трајковска координатор на проектот кој се реализираше со помош на Организацијата на жени на Македонија. Девојките ја покажале нивната креативност и започнале свој бизнис, од фризерски и козметички салкони, преку перална за теписи, парфимерија, салон за декорација на свадби и родендени до изработна на етно-сувенири со велешки особености. Овој проект во Велес се реализираше изминатата половина година.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »