речник контакт

Семејната традиција на регатата продолжува

Дедото учествувал на првата, внукот на последната 16-та Вардарска регата

Петар Печков

Осумдесет годишниот Томе Ѓоргиев дојде да ги испрати неговиот 17 годишен внук Филип Попов, која заедно со стотината други учесници четири дена пловеше по реката Вардар, на 16-тата Вардарска регата.  Дедото и внукот, освен крвта ги поврзува и тоа што Томе е учесник  на првата регата  а внукот Филип на  последната.  Дедото живо се сеќава на овој настан кој бил  во 60-тите години, на минатиот век.

Тргнавме од местото каде денес е зградата на Повардарската Епархија., Тогаш тука  имаше хангар за чамци. Се пловеше во гумени чамци наречени фалботи, екипата броеше осуммина. Се пловеше три дена од Велес до Гевгелија, се спиеше во Демир Капија и Удово.  Како и сега и тогаш не пречека градоначалникот на Гевгелија, тогаш претседател на градот. Назад за Велес се вративме со воз -  се присетува Томе.

Во екипата  која пловела по Вардар биле  и   Драган Мурџев, Андреја  Стојанов, Димче Јованов, Иван Ванов,  Димче Мимов.Иако  тргнале во непознато, како спортисти,  кајакари, млади желни за докажување, биле подготвени за неизвесноста што ги очекува и брзаците на реката.

Томе е горд што сега по триесетина години  и неговиот внук се одважи да тргне со Гемиџиите. Дојде да му посака среќен пат, но  и да му даде совети. По четири дена патување, потемнет од жешкото сонце, младиот Филип е среќен што успешно ја заврши  регатата.

Беше интересно и возбудливо. Ова е уште едно школо во животот и сум задоволен што бев дел од регатата.  Би сакал и до година пак да се спуштам по Вардар – рече Филип Попов кој е ученик во трета година Гимназија. Тој ќе има што да им раскажува на неговите другари, за ова ново животно искуство.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »