Петар Печков
Објавено: среда, 10 јануари 2024
СВР Велес соопшти за два инциденти кои се случија деновиве, каде е пријавено семјено насилство. Во едниот случај маж нападнал невенчана сопруга а во вториот случај син го нападнал татка си.
„На 8 јануари во 14.20 часот полициски службеници од СВР-Велес го лишиле од слобода Е.Ф.(31 год) од велешко село, затоа што физички ја нападнал неговата 32-годишна невенчана сопруга. Тој е приведен во полициска станица“ – инфоpмира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
„На 9 јануари во 22.10 часот полициски службеници од СВР-Велес го лишиле од слобода Б.Н.(30 год) од Велес, по пријава од неговиот 66-годишен татко, затоа што во семејната куќа агресивно се однесувал, кршел предмети во домот и оштетил патничко возило „фиат“. Б.Н. е задржан во полициска станица“ – дополни Ѓаковска.
За двата инциденти известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните ќе биде поднесена соодветна пријава.
Tweet |