Петар Печков
Објавено: понеделник, 23 април 2007
Велешката полиција поднесе кривична пријава за семејно насилство против В.Х. (56 год.) која го малтретирала невенчаниот сопруг Н.Д. повеќе години.
Тие живееле 30 години во вонбрачна заедница и имаат две полнолетни ќерки. Проблемите настанале откако Н.Д. останал без работа и дома не носел пари. Тогаш започнал пеколот, бидејќи таа започнала во нивниот дом да ги носи љубовниците а нему му забранила да доаѓаат неговите роднини и пријатели.
Му забранила да гледа телевизија, не смее да користи греење и наместо од маса јадел на под.
Тој 15 години живеел сам во една соба каде имало само еден кревет, а доколку се случело да дојде после В.Х. дома останувал пред заклучена врата па спиел во подрум или гаража.
Тој овие малтретирања ги трпел со години, но се решил на 22 март да проговори и случајот да го пријави во полицијата, која пак за стореното дело од невенчаната сопруга решила да ја осомничи за кривичното дело семејно насилство.

Tweet |