речник контакт

Семејството Давчевски за Велигден се всели во куќа која е подарок од ,,Градиме иднина,,

Непрофитната органзиција за два месеци им изгради дом на шестчленото семејство, чија куќа изгоре во пожар пред година и пол

Петар Печков

Семејството Давчевски за Велигден се всели во својот нов дом. Него го изгради  невладината организација ,,Градиме иднина,,.   Ова семејство остана без кров на главата, во пожар кој се случи на  3-ти ноември 2014-та година. За два месеци откако решија да им помогнат, ,,Градиме иднина,, им ја изградија куќата на шестчленото семејство Давчевски.

Да им изразиме благодарност на сите кои учествуваа во изградбата на куќата. Имаше мајстори од Кратово, од Скопје, од Тетово. Сите тие хумано, волонтерски се вклучија во градењето. Освен нив имаше спортисти, естрадни пеачи, директори, функционери кои несебично помогнаа. Го спасивме и семејството Давчевски, за чии четири деца имаше подготвено решенија да одат во дом, оти веќе година и половина немаа каде да живеат - изјави Илија Јовановиќ претседател на здружението.

Од ,,  Градиме Иднина,,  сакаат четирите малолетни дечиња Стефан, Сара,  Иваона,  Тина   да имаат  безгиржно детство и планираат да помогнат во  обновата на  50 куќи во Македонија, и тоа  на  социјални случаи, за кои објаснуваат дека   биле заборавени од  општеството. Семејството Давчевски пресреќно, шпто за големиот празник Велгиден, го доби најскапоцениот дар, куќа.

Ова е голем ден за  нас, чувството е возвишено. Премногу сме среќни, што не огреа сонце. Благодарам на Илија и сите хумани луѓе кои не вратија во нашиот дом, кој изгоре до темел - рече Ленче Давчевска.

На семејството неопходно им се  потребни домашни апарати машина за перење, електирчен шпорет, правосмукалка, шпорет на дрво. Се надеваат дека хуманите луѓе ќе помогнат. Останува само уште деновиве да се измалтари куќата од надвор, за да биде комплетно  уредена.

Невладината ,,Градиме иднина,, е непрофитна  организација а  тие првата куќа  која  ја изградија како помош на  фамилии од социјално ранливи категории,  беше во  тетовското    село  Сиричино,  наменета  за   петчленото  семејство  Ристовски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »