Петар Печков
Објавено: понеделник, 04 април 2011
Анкетата која се спроведе на ТРМР покажа дека 28 отсто сметаат дека родителите, односно семејството е главниот фактор кој може да влијае да се застане на пат на насилството кај учениците, кое кулминираше минатата есен со повеќе тепачки.
Следно на листата е физичкото обезбедување, кое за 23 отсто од посетителите е можно решение. Тоа веќе се применува во Хемиска и УЗУС а освен што нема тепачки во Хемиска е зголемена редовноста на учениците, кои ако задоцнат не можат да влезат на настава.
18 отсто од одговорите на анкетата се дека полицијата треба да ги превземе работите за да се запре ученичкото насилство. Но има и песимисти, 8 отсто сметаат дека тешко да се излезе од ваквата состојба а 6 отсто се состав, да се остават на мира и дека тоа ќе им мине на учениците само од себе.
Стручњацтие пак со одговор дека причината за насилството и нетрпелиивоста се предрасудите и зголемениот обем на часови на седење пред комјутер и играње насилни видо игри.
Tweet |