речник контакт

Сензорна соба за децата со аутизам во ПОУ Маца Овчарова

Изградена од ГП ,,Изгрев,, а опремена со помош од Евангелска црква од Македонија

Петар Печков

По повод „2-ри Април- Светскиот ден на лицата со аутизам“ денес во  Посебното Основно училиште „Маца   Овчарова“ во Велес,  свечено  беше пуштена во употреба  „Сензорна соба“. Таа е наменета  за учениците со аутизам, кои се 15 на број од вкупно 58 кои посетуваат настава од прво до деветто одделение. 

Го избравме овој ден, за лицата со аутизам, на учениците  кои имаат аутизам, да им дадеме посебно опремена соба за нивен престој.   Оваа просторија е мошне важна  и потребна за учениците за кои е наменета да се релаксираат. Тие живеат во свој свет, си имаат нивен однос кон нештата и со  реквизитите кои се во собата, се исполнуваат, пронаоѓаат. Со овие деца работиме псоебно, со за нив потребни методи и посебни начини - рече директорката Ленче Гаданец.   

Просторијата е изградена од ГП ,,Изгрев,, од Велес а опремена  со помош   од Евангелска црква од Македонија. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »