речник контакт

Сепарациите на Вардар го менуваат текот и коритото на реката, предупредуваат учесниците на Вардарската регата

Тие што ги имаат сепарациите, треба да го вратат коритото во првобитната положба а не Вардар да биде бескрајно широк

Петар Печков

Учесниците на Вардарска регата при нивното пловење  по реката виделе бројни еколошки проблеми на Вардар. Освен што со неа се одржува традицијата на велешките трговци, кои со гемии, дрвени сплавови, од Велес  ја носеле стоката до Солун, регата има и друга , еколошка цел, велат организаторите. Учесниците на регата посочуваат дека  само со пловење по Вардар, може да се констатираат проблемите.  

„Многу е лесно да се гледа Вардар од автопат отколку  долу по реката. Една од целите на регатата е еколошка заштита на Вардар, сигнализација на еколошките проблеми од Велес до Гевгелија.  Тој што пловел, знае дека има големи еколошки проблеми“ - вели Ангелче Гушев, организатор на регатата.  

Тоа што учесниците го виделе во еден нејзин дел е алармантно. Користењето на песокот, сепарациите,  од реката го менува текот на Вардар.   Стојановски е учесник на сите 23 регати. Иако по вокација е дипломиран металург, тој во душа е еколог и голем вљубеник Вардар. Затоа апелира да се почитува редот во природата.

„Првите 15 години кога сум пловел коритото беше исто, не се менуваше, природно. Сега за жал не е така, последните 15 години. Заради големите сепарации по течението на Вардар, тој на некои места е широк како Дунав. Но не тече, водата стои на место и таму тешко се плови. Тие што ги имаат сепарациите, треба да го вратат коритото во првобитната положба а не да биде бескрајно широк“ - рече Стојановски.

Токму поради тоа што после Удово, реката е многу разлеана по неа  не може д се плови, па годинава регата заврши  ден порано, не се пловеше до Гевгелија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »