речник контакт

Сервис за помош на жртвите од семејно насилство

Во Велес започна да работи сервис за помош на жртвите од семејно насилство со кој правна помош ќе им се обезбедува на жителите на општините Велес, Градско и Чашка.

Петар Печков

Сервисот работи преку проектот на Националниот совет на жени на Македонија и во него е ангажирана жена адвокат, која ќе им дава бесплатна помош и ќе ги застапува жртвите при евентуалните судски процеси. За да ги запознаат жените со оваа канцеларија изработен е флаер и обезбеден телефон 043 211 151 преку кој можат да се добиваат совети.

Бројките на СВР Велес покажале дека семејното насилство бележи пораст во поширокиот велешки регион, поради што е отворен овој сервис, секој работен ден од 10 до 13 часот. Насилството најчесто е физичко а се појавува и економско и емотивно, но мал број жени од многу причини покренуваат судски процес против насилникот.

Истражувањето покажало дека малку од жените знаат дека тоа е кривично дело а пресудна била предрасудата која е присутна и ја плашат жртвата,  јавно да излезе и проговори за проблемот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »