речник контакт

Серија на масовни труења на бездомни животни во Велес

За неколку дена два сериозни инциденти, од Здружението за заштита на животните прашуваат зошто полицијата не излегува на терен. (фотографиите можат да предизвикаат вознемирување)

Петар Печков

Изминатите денови на две различни локации  во градот се случиле два масовни труења на бездомни  животни. Според реакцијата на Здружението за заштита на живнотните ,,Гласот на животните,, од Велес, масовно труење се случиле на  24 мај, во населбата Дворови во Велес и 27 мај на улица 8- ми март при што се убиени на најстрашен можен начин многу кучиња, мачки спасени од улица и вдомени привремено кај семесјтво од населбата и маалски миленици за кои се грижеа деца.

Животните  умирале пред очите на семејството кое се грижело за нив и пред децата, затруени со исклучително силен отров, без било каква можност да се спасат. За потсетување само пред неколку месеца во населбата Дворови беа отруени десетици бездомни животни но и домашни миленици на истиот начин.

Освен што насилниците слободно трујат и убиваат најстрого го осудуваме фактот што институциите инертно молчат и не превземаат ништо како ваквите дејствија би ги  спречиле, и на овој начин   искажуваат поддршка за трујачите - соопштуваат од Здружението ,,Гласот на животните,,.  

Тие инсистирале полицијата   да прати службено лице на терен бидејќи се работело  за многу силен отров  расфрлан на јавна површина кој само за неколку минути може да убие дете.Но никој не се појавил. 

Иако труењето на животни претставува Кривично дело за што законот предвидува и казни затвор.полицијата  не реагира, зошто - прашуваат од Здружението,,Гласот на животните,,. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »