Петар Печков
Објавено: четврток, 24 декември 2015
Во вторникот наутро се случени повеќе обиди за насилно влегување во исто толку објекти во градот. Од СВР Велес информираа дека кај нив се пријавени три случаја- оштетување на објекти.
Во 04.30 час.од страна на 52-годишен жител на Велес пријавено е дека во продавница „Афродита 2“ лоцирана на улица „Петре Прличко“скршено е стаклото од влезната врата на продавницата.
Во вториот случај, 52- годишен жител на Велес пријавил дека е извршено оштетување на влезната врата од сендвичара „Цаца С“ лоцирана на улица „Кресненско востание“.
Во третиот случај, 58-годишен жител на Велес пријавил дека извршено е оштетување на алуминиумска врата од сендвичара „Ројал Бургер“ лоцирана на улица „Страшо Пинџур“.
Во сите три случаја СВР Велес излегол на лице место и превземаат мерки за расветлување на настаните.
Tweet |