Петар Печков
Објавено: недела, 18 септември 2022
Во петто коло до Втората фудбалска лига на домашен терен ФК Борец загуби о екипата на ФК Кожув со 0:2 (0:1). Надежта дека може дa се забележи првата победа во второлигашка конкуренција, против гевгеличани, кои имаа само бод, се покажа како нереална. Со по еден гол во двете полувремиња, гостите заминаа со трите бода. Но и стравувањата дека ФК Борец ќе биде екипа со кој противниците ќе ја поправаат гол разликата во оваа конкуренција. Во следното коло кое се игра на 1 октомври, поради настапи на Македонската репрезентација. противник е екипата на ФК Аресими а натпреварот се игра во Чегране. Тие иматдве победи од пет средби а ФК Борец е последен без бод.
Во прволигашката женска конкуренција, ЖФК Борец загуби дома од ЖФК Скопје со високи 0:10.
Во Третата лига Југ, ФК Превалец и на вториот тест за можности во оваа конкуренција, потфрли. Дома одигра нерешено 3:3 (1:1) со екипата на лидерот ФК Горно Коњари. За посетување во претходното коло доживеа висок пораз од 5:0 од ФК Вардар Неготино исто така кандидат за првата позиција. Во следното коло ФК Превалец игра соседско дерби според пласманот на табелата. Гостува во кавадаречко против ФК Марена која е 8 пласирана со 4 бода а ФК Превалец е 7-ми со ист број бодови.
Непоразена а од гостувањето во Канатларци се врати ФК Локомотива од Градско, одигра нерешено со истоимената екипа 1:1. Во следното во Градско гостува екипата на ФК Обршани, која е без бодови по три кола.
Tweet |