речник контакт

Серо-епидемиолошкои истражување на Центарот за јавно здравје Велес, за ковид-19

Целта е да се утврди кумулативниот имунитет населението

Петар Печков

Центарот за јавно здравје - Велес е вклучен во серо-епидемиолошкото истражување за ковид-19 вирусната инфекција, проект на Министереството за здравство,  Институтот за јавно здравје и Светската Здравстена Организација.  Во истражувањето се  вклучени  пет возрасни групи - 0-9, 10-19, 20-49, 50-69, 70+. Изборот на учесници е  случаен, од списокот генериран од  „Е -здравство“.

„Целта на ова истражување е да се утврди серопреваленцата на антитела кон ковид-19  во општата популација, и со тоа да се утврди кумулативниот имунитет населението.. Лицата ќе бидат контактирани телефонски од вработен во центарот, и повикани во здравствената установа. Ќе биде земена крв, која ќе биде испратена во Институтот за јавно здравје во Скопје, за понатамошна анализа“  - кажа епидемиологот  д-р Бојан Тодоровски.

Од секој регрутиран учесник од кој е земен примерок за истражувањето ќе пополни прашалник кој опфаќа демографски, клинички и информации за изложеност на вирусот. Секој учесник ќе добие резултат од тестирњето по СМС порака, со напомена дека направеното тестирање не се користи во дијагностички цели.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »