Петар Печков
Објавено: понеделник, 02 декември 2013
Во последното седмо коло од првата полуетапа, од првата женска одбојкарска лига, екипата на Борец на домашен терен во салата на ОУ Блаже Конески, славеше над Универзитет Гоце Делчев од Штип.
Велешанки беа подобри со 3:1 ( 16, -17, 23, 13). Со ова тие го избегнаа последното место и го препуштија на штипјанки, Борец е шести со 4 бода.
Првенството продолжува во наредните две недели со првите две кола од пролетниот дел.
Tweet |