речник контакт

Си заминала од дома, мајка оставила пет деца сами

Мајката е пронајдна во Ѓорче Петров-Скопје, полицијата ја уапсила

Петар Печков

Пронајдена е мајката која ги оставила петте малолетни деца и заминала. Полицијата ја пронашла во Ѓорче Петров, Скопје. 

„На 01 февруари во 02:05 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров, лишија од слобода 36-годишна велешанка. Претходно, во СВР Велес било пријавено дека таа ги оставила во домот нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје“ – соопшти Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарол на СВР Велес.

За случајот бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот против неа, полицијата  ќе поднесе соодветна пријава.

Неодамна ТрМр објави дека велешанка доби две години затвор затоа што заминала за Германија и го оставила дома само тримесечното бебе.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »