речник контакт

Сигурни празници, без употреба на пиротехника, вежба за штетноста на петардите (видео)

Целта е да се подигне свеста кај младите за значењето на превенцијата и навременото укажување прва помош за време на празниците

Петар Печков

Показна вежба на  волонтерите од Црвен крст Велес, СВР Велес и службата за Итна помош, целта е децата, учениците да ги увидат штетните последици од ракувањето со петарди. Но и како надлежните инспекции реагираат во таков случај, кога има повредени лица. Настанот беше во дворот на СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ во Велес, каде се  одржа показна симулациска вежба, која е дел од  кампањата „Сигурни празници, без употреба на пиротехника“.   

„Преку реалистична симулација беа прикажани две тешки повреди предизвикани од употреба на пиротехнички средства – ампутација на прсти и сериозна повреда на око, со цел да се укаже на реалните ризици и последици од нивната несовесна употреба“ – соопштија од Општинската организација на Црвен крст Велес.

Настанот имаше за цел да ја подигне свеста кај младите за значењето на превенцијата, безбедното однесување и навременото укажување прва помош за време на празниците.

 фото ОО Црвен крст Велес

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »